НОВИОТ АЛБУМ НА „МЕТАЛИКА“ ЌЕ БИДЕ ПРОМОВИРАН И ВО СИНЕПЛЕКС НА 13 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

И Македонија ќе биде дел од светската кинопромоција на новиот албум на „Металика“, „72 Seasons“, што ќе се случи на 13 април, ден пред неговото официјално објавување. Првиот албум на „Металика“ по седум години пауза ексклузивно ќе може да се преслуша во Синеплекс, во рамките на настанот „Глобална премиера“.

Сите 12 песни ќе бидат придружени со видеоспот и коментари од членовите на групата. Албумот трае 77 минути, а „Металика“ досега објави три песни од него.