НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА СО АНСАМБЛ ОД АВСТРИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Австрискиот ансамбл „Јаношка“ вечерва од 20 часот ќе настапи со Филхармонијата на гала новогодишниот концерт „Слушни! Доаѓа Новата…“. Ќе диригира Борјан Цанев.

„Музиката што ја создаваат тројцата браќа од Братислава, Ондреј, Франтишек и Роман Јаношка, заедно со нивниот роднина Џулиус Дарвас претставува колоритен контраст на нивната класична наобразба со музиката од другите жанрови, како џез, латино и поп. Крајниот резултат не е само микс од стилови, туку креативна синтеза – препознатливиот ‘Јаношка стил’“, најавува Филхармонијата.

„Сакаме нашата музика да ја придвижи публиката, да ја допре на посебен начин. Тоа е нашата цел“, вели пијанистот Франтишек Јаношка.