ОТКАЖАН ФЕСТИВАЛОТ ГЛАСТОНБЕРИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Гластонбери, еден од најголемите музички фестивали на светот, нема да се одржи оваа година, станувајќи уште една жртва на коронавирусот.

Оваа година, на фестивалот требаше да настапат Тејлор Свифт, Пол Макартни, Кендрик Ламар, Лана Дел Реј, Ноел Галагер, Дуа Липа и Дајана Рос.

„Жалиме што моравме да донесеме ваква одлула. Немавме друг избор“, соопштија организаторите.

Ова уследи откако британската влада во понеделникот им препорача на луѓето да избегнуваат големи јавни собири.

Јубилејното 50. издание на Гластонбери, кој привлекува околу 200.000 луѓе, требаше да се одржи од 24 до 28 јуни.