ОТКАЖАН КОНЦЕРТОТ НА „ЈУ ГРУПА“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Откажан е концертот на „Ју група“ во Скопје, кој требаше да се одржи во Филхармонијата на 1 март. Од „Авалон продукција“ соопштија дека еден од членовите на бендот од приватни причини не е во можност да дојде во Скопје и немало услови за презакажување на концертот.

Поради зафатениот распоред на Филхармонијата и на ‘Ју група‘ не сме во можност да го презакажеме концертот за нов датум“, кажаа од „Авалон“.

Ова инаку требаше да биде првиот концерт на српските рок ветерани во Скопје по 50 години пауза. „Ју група“ е основана во 1970.