Групата „Нокаут“ ја сними новата песна „Месечевиот рај“, која во дует ја пеат вокалот на бендот, Никола Перевски-Пере и неговата ќерка Миа Перевска.
„Досега ја слушавте како придружен вокал на нашите песни и на нашите концерти, а сега и во дует со нејзиниот татко Пере. Задоволство ни е да ја промовираме оваа соработка помеѓу бендот и Миа Перевска“, велат од “Нокаут“.
Музиката за песната ја напиша Никола Перевски, кој е автор и на аранжманот заедно со Миа Перевска. Текстот е на Дуке Бојаџиев, а пост-продукцијата на Дарко Димитров.
Миа Перевска досега има снимено неколку авторски електро-поп песни и настапи на ланските изданија на фестивалите „Зејмотрес“ и „Д фестивал“.