ПИНК ПЕЕШЕ, ТАНЦУВАЈЌИ НА ПРОЗОРЦИТЕ НА ХОТЕЛ

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Американската пејачка Пинк, која е позната по нејзините акробатски перформанси, го однесе својот настап на друго ниво за време на доделувањето на Американските музички награди вчера.

Таа ја изведе својата хит песна „Прекрасна траума“ додека висеше на едната страна од хотелот „Мериот“ во Лос Анџелес, танцувајќи на прозорците заедно со нејзините танчари.

Пинк полека се одбиваше од зградата за време на нејзиниот настап, скокајќи на стаклото и правејќи трикови со останатите танчари.

„Прекрасна траума“ е песна од последниот албум на Пинк, која изби на првото место на листата на „Билборд“. Таа по петти пат настапи на Американските музички награди, а во 2012 година, исто така, вклучи акробатска точка, кога висеше додека пееше.