ПОСТХУМЕН АЛБУМ НА ЛЕОНАРД КОЕН ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ВО НОЕМВРИ

Њујорк, (НМЕ)

Нов, постхумен албум од Леонард Коен ќе биде објавен на 22 ноември.

Thanks For The Dance“ го доработи синот на Коен, Адам, кој кажа дека на овој начин ја исполнува неговата желба „да ги доврши основните музички скици кои останале од последниот албум“. За таа цел, тој ангажираше низа познати музичари, вклучувајќи го и шпанскиот гитарист Хавиер Мас, кој го придружуваше Леонард Коен на сцена во последните осум години.

„Овие песни заедно почнавме да ги работиме за време на снимањето на неговиот последен албум. За да ја компонираме и аранжираме музиката за неговите зборови, ги избравме најкарактеристичните музички обележја на Леонард. Она што најмногу ме трогна во врска со албумот е коментарот на оние кои го слушнаа дека Леонард и натаму живее“, изјави Адам Коен.

Албумот содржи девет песни.

Коен почина во ноември 2016 година, само неколку месеци по излегувањето на неговиот последен албум „You Want It Darker“.