ПРОВОКАТИВНИОТ ХРВАТСКИ БЕНД „ЛЕТ 3“ Е ПРВИОТ ПОТВРДЕН УЧЕСНИК НА 25. ТАКСИРАТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
02.02.2023., Zagreb- Rock sastav iz Rijeke Let 3.

Хрватскиот претставник на Евровизија, „Лет 3“, е првиот потврден учесник на 25. издание на фестивалот Таксират, кој ќе се одржи на 7 декември.

„Лет 3“ важи за еден од најконтроверзните бендови во регионот, кој се одликува со провокативни текстови и екстравагантни настапи, што веќе го има потврдено и на Таксират, а поширока промоција доби со песната „Мама ШЧ!“, што вечерва ќе ја изведе на Евровизија во Ливерпул.

Од „Пасворд продукција“ објавија дека продажбата на билети за Таксират 25 почнува утре, по промотивна цена од 500 денари.

(Фото: Фејсбук)