Хрватсиот актер и пејач Раде Шербеџија ја испеа македонската народна песна „Зајди, зајди“ пред концертот во Скопје, кој ќе се одржи на 1 февруари во Филхармонијата.
Шербеџија во Скопје доаѓа со проектот „Поради тебе, поради себе, поради другите“ (Због тебе, због себе, због других), со репертоар во кој ќе ги има сите хитови, а ќе го следи неговиот бенд „Западни колодвор“.
Македонската народна песна, за која претходно има кажано дека му е многу драга, Шербеција ја сними на зајдисонце на плажа на Јадранско Море на негова желба.
Од „Авалон“ велат дека концертот е пред распродавање, а преостанатите влезници се во продажба онлајн на karti.com.mk и во нивната продажна мрежа низ Македонија.
Шербеџија доби речиси 10-минутни стоечки аплауз од публиката на гала златната премиера на „Пред дождот“, што се одржа по повод 30-годишнината на филмот на Милчо Манчевски во Филхармонијата во декември.
(Фото: Фејсбук)