САМИТЕ ДА БИДЕМЕ СВОИ ХЕРОИ, ВЕЛИ ПОП-ПЕЈАЧКАТА ТАМАРА ВОЛЧЕСКА ЗА НОВАТА ПЕСНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачката Тамара Волческа ја промовираше новата песна „Херој“, за која сними и спот. Видеото го режираше нејзината колешка, поп-пејачката Ивона Јо.
„Ова е брза и енергична песна која ја враќа надежта во оптимизмот. Херојот е Тамара која се обидува да се спаси самата себеси во периоди кога била незаштитена. Пораката на оваа песна е сите ние да бидеме свои херои и сами да го пронајдеме патот до успехот“, велат од тимот на пејачката.
Волческа го напиша текстот за песната, музиката е на Дамир Пух и Наташа Миха, а песната е снимена во „Грин рум саунд стдуио“.