СЕСТРАНИОТ ТАТКО НА ТАПАНАРОТ НА „МЕТАЛИКА“ ЛАРС УЛРИХ СНИМИ НОВ АЛБУМ НА 92 ГОДИНИ

Њујорк, (НМЕ)

Таткото на тапанарот на „Металика“, Ларс Улрих, објави нов албум на 92 години.

Торбен Улрих е сестрана личност и во својата кариера бил поет, новинар, сликар, кореограф, филмаџија и изведувач, како тенисер настапувал на гренд слем турнирите, а музика снима веќе со децении.

Најновиот албум е направен во соработка со американскиот композитор и музичар Лори Голдстон. Насловен „Oakland Moments: Cello, Voice, Reuniting (Rejoicing)“, Улрих на него чита и рецитира колекција од свои оригинални текстови и песни, во придружба на амбиенталното свирење на чело на Голдстон. Албумот е опишан како истражување на атлетицизмот, филозофијата и мистицизмот.