Една од водечките македонски етногрупи „Синтезис“ ќе одбележи 25 години постоење со вечерашниот концерт во Скопје, што ќе се одржи на платото пред Национална опера и балет, со почеток во 20 часот.
Во досегашната кариера, „Синтезис“ има објавено осум албуми и настапено на речиси сите континенти, станувајќи еден од најголемите промотори ма македонската традиционална музика во светот.
Специјални гости на вечерашниот концерт ќе бидат Влатко Стефановски и Наум Петрески.