„СМАТ“ НА ТАКСИРАТ ЗА УШТЕ ПОЖЕСТОКА АТМОСФЕРА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Пионерите на македонската металкор сцена „Смат“ е вториот потврден учесник на 20. издание на фестивалот Таксират, што ќе се одржи на 8 декември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Откако летоска настапија на Д фестивал во Дојран, ова ќе биде можност за голема скопска промоција на новиот албум на групата, „Тие се насекаде“, кој беше одлично прифатен од фановите.

Токму во рамките на Таксират, „Смат“ пред две години одбележаа две децении постоење со голем самостоен концерт во Младински културен центар.

Претходно, како едни од ѕвездите на годинашниот фестивал беше објавен шведскиот инди-рок бенд „Мандо дијао“ и листата учесници ќе се дополнува во наредниот период.