СО КОНЦЕРТИ И ДИЏЕЈ СЕТОВИ ЌЕ СЕ ПРОМОВИРА НОВОТО ОНЛАЈН РАДИО „СТЕРЕОЛАБ“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со забава во скопскиот клуб „Лабораториум“, на 14 февруари ќе биде промовирано новото онлајн радио „Стереолаб“. Промотивниот настан, што ќе почне во 21 часот, ќе биде комбинација од настапи на бендови, музичари и диџеи.

Најавени се настапи во живо на Глигор Кондовски, „Алембик“, Јоана, „Стој, после!“, „Вагина корпорација“, Огнен Златанов, „Светлост“ и Лепи Џони, а диџеј сетови ќе имаат М.И.К. и Дарко Јорданов.

„Композициите што првпат ќе бидат изведени во живо на промоцијата на ‘Стереолаб‘ се издадени на компилацијата ‘10 години љубов‘. Ова е прво издание на дискографската куќа ‘Скопска секта‘“, стои во најавата на настанот.

Влезниците чинат 100 денари.