Со операта „Набуко“ од Џузепе Верди ќе се отвори новата сезона во Националната опера и балет (НОБ) на 21 септември од 20 часот.
Диригент е Бисера Чадловска, режисер Ренато Бонајуто од Италија.
Насловната улога ќе ја пее Марјан Јованоски, во улогата на Абигаиле ќе настапи Злата Тошевска-Димовска, Зоран Сотиров е Исмаил, Николина Јаневска ќе ја пее Фенена, а во улогата на Захарие ќе настапи Игор Дурловски.
Во останатите улоги ќе настапат Диме Петров, Катерина Стојановска, Дејан Стоев како и Хорот, Оркестарот, балетскиот ансамбл на Националната опера и балет и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Операта е во четири чина.
Фото: НОБ