СРЕДНОШКОЛСКИ ХОР ОД ПЕНСИЛВАНИЈА ЈА ИЗВЕДЕ „МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ“ НА ПРЕДЛОГ НА СКОПЈАНЕЦОТ МАРКО ПАВЛОВСКИ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Македонскиот средношколец Марко Павловски, кој престојува во САД, го организирал училишниот хор во средно училиште во сојузната држава Пенсилванија да ја изведат песната „Македонско девојче“. Една од најпознатите македонски песни ја изведуваат повеќе од 40-тина американски средношколци.

Павловски, кој е од Скопје, е дел од YES програмата, која им овозможува на средношколци од Македонија да поминат една учебна година во САД, со целосна стипендија обезбедена од Американскиот Стејт Департмент. Секоја година, програмата одбира помеѓу 15 и 20 македонски средношколци преку селективен процес што се одвива во неколку фази.

„Присуството и организирањето на концертот ме натера да сфатам дека културната размена не е само за патување, туку креирање на врски и меѓукултурно разбирање. Преку музиката, успеавме да ја изградиме таа врска и да ја испишеме приказната заедно. Тоа беше магично и неповторливо искуство које го разбуди во мене убедението во силата на музиката да спои различности и да ги обедини срцата во хармонија. Преку овој настан, успеав да го изградам мостот помеѓу моите корени и мојата нова заедница во Пенсилванија“, изјави Павловски.