СРПСКИОТ РАПЕР МАРЧЕЛО ЌЕ НАСТАПИ ВО СКОПЈЕ НА 24 ФЕВРУАРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Популарниот српски рапер Марчело се враќа во Македонија по долги години и ќе одржи концерт во Младински културен центар во Скопје на 24 февруари. Четириесетгодишниот Марчело, чие вистинско име е Марко Шепиќ, во Скопје ќе го промовира својот последен албум „Ноева варка“.

Почетната цена на билетите е 500 денари, а потоа ќе бидат 700, односно 900 денари.

Марчело ја почнал соло кариерата во 1995 откако ја напуштил групата „Рајм енимал“, а првиот албум „Де факто“ го објави во 2003, по кој следеа уште пет.

Покрај музиката, Марчело се занимава и со пишување проза, а во последните години е актуелен и со колумни за општествено-политичките случувања во Србија.

(Фото: Фејсбук)