Таксират и Д фестивал, и двата во организација на „Пасворд продукција“, добија номинации за Европските фестивалски награди (European Festival Awards). Тие се единствените фестивали од Македонија кои ќе конкурираат за овие престижни награди.
Таксират е номиниран за најдобар фестивал во затворен простор, а Д фестивал за најдобар мал фестивал, во што спаѓаат музички настани со 10.000 посетители дневно. Гласањето е отворено за сите и се одвива преку сајтот на Европските фестивалски награди.
Победниците ќе бидат прогласени на 18 јануари 2023 во холандскиот град Гронинген.