ТЕЈЛОР СВИФТ ОСВОИ ГРЕМИ ЗА НАЈДОБАР АЛБУМ ПО РЕКОРДЕН ЧЕТВРТИ ПАТ, НАЈАВИ И НОВ АЛБУМ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Тејлор Свифт испиша историја на годинашните награди Греми, станувајќи првиот музичар кој четири пати ја освоил наградата за албум на годината. Таа претходно го држеше рекордот заедно со Стиви Вондер, Френк Синатра и Пол Сајмон.

Свифт ја прими наградата за албумот „Полноќи“ од Селин Дион, која неочекувано се појави во улога на презентер две години откако ѝ беше дијагностицирано ретко невролошко заболување поради кое веќе не може да настапува.

Би сакала да ви кажам дека ова е најдобриот момент во мојот живот, но еднакво среќна се чувствувам и кога завршувам нова песна, правам проби и се спремам за концерт. За мене, наградата е работата“, изјави Свифт, која претходно ја освои оваа награда и во 2010, 2016 и 2021 година.

Таа истовремено откри дека нејзиниот нов албум насловен „The Tortured Poets Department“ ќе излезе на 19 април.

(Фото: АП)