Менаџерот Владимир Мандичевски-Манде ја напиша својата прва книга, „Јас пратеник“. Промоцијата ќе се одржи во „Аудиокултура“ во Скопје на 8 февруари од 20 часот.
„Книгата раскажува за Ристе, семеен човек со три возрасни деца, мајка и татко, роднини и пријатели“, стои во најавата на книгата.
Корицата на книгата
„Живее навидум едноставен живот на село помеѓу нивата и домашните обврски. Децата големи, ама неснајдени. Како и поголемиот дел од нас, Ристе и неговото семејство буткаат обременети од незадоволството од сопствените живот и положба додека еден ден тој не добие една ‘непристојна’ понуда“, велат од „Баги комуникации“, издавачот на книгата.
ВО ОХРИД ЗА ПРВПАТ ГО ВИДОВ ЕНИО МОРИКОНЕ, СЕГА ЌЕ ПЕАМ НЕГОВО ДЕЛО НА КОНЦЕРТИТЕ „ЦВЕТНА СИМФОНИЈА“ СО ОРКЕСТАРОТ „ДИВА“, ВЕЛИ ОПЕРСКАТА ПЕЈАЧКА ЗАНА АБАЗИ-РАМАДАНИ