ТРПЧЕСКИ ГИ ВООДУШЕВИ ДАБЛИН И ЛОНДОН СО КОМБИНАЦИЈА ОД РОМАНТИЧНИ КЛАСИЦИ И ЏОНИ ЛОГАН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески ја воодушеви публиката во Даблин и Лондон и доби ласкави критики за последните настапи во рамките на својата рецитална турнеја.

Трпчески одржа целовечерен концерт во Националната концертна сала на Даблин и музичкиот критичар Ендрју Ларкин рече декатој дојде, отсвири и освои“, а изведбата била со „беспрекорна елеганција и колосална техника“. Покрај помалку познати романтични дела од Брамс и Лист, на програмата биле и руските композитори Прокофјев, Мусоргски и Римски-Корсаков, а Трпчески дополнително ја освоил публиката со изведбата на победничката евровизиска песна Hold Me Now” од ирскиот пејач Џони Логан.

Рециталот во лондонски „Барбикан“ беше најавен како настап на пијанистот со харизма и виртуозност“. Критичарот Дејвид Најс го нарече Трпчески „харизматичен камелеон“ и ја истакна тежината на програмата.

Во март, Трпчески го очекува серија концерти во САД, Шпанија, Хрватска и повторно Велика Британија.