УЧЕНИЦИТЕ ОД МУЗИЧКИТЕ УЧИЛИШТА ЈА ВООДУШЕВИЈА ПУБЛИКАТА НА КОНЦЕРТОТ „МЛАДИТЕ ДОАЃААТ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Ученици од музичките училишта од Македонија одржаа успешен концерт насловен „Младите доаѓаат“ вчера во Филхармонијата, во придружба на нејзиниот оркестар. Младите таленти од Скопје, Битола и од Штип ја воодушевија публиката. која ги врати на бис.

Настапија пијанистите Софија Михајловска и Јане Петровски од Битола, Ива Амелија Микулчиќ од Скопје и Јана Јованова од Штип, виолончелистите Ева Малиновска, Ада Богоевска и Александар Ицковски од Скопје, саксофонистите Леонид Ржаникоски од Битола и Стефан Трајановски од Скопје, контрабасистот Матеј Зимбаков од Скопје и соло пејачките Јована Јанкулоска и Деница Дена Симјаноска од Скопје. Диригираше маестра Бисера Чадловска.

„Младите доаѓаат“ е традиционален концерт кој се одржува во мај или јуни, на кој им се дава шанса на младите таленти да настапат со искусните колеги од Филхармонијата. Се свиреа дела од Моцарт, Хајдн, Бернштајн, Шостакович и други композитори.

М. ЏАРОВСКА