На 7 јуни од 20 часот во фоејето на Националната опера и балет ќе се одржи традиционалниот концерт „Вивалдијада“ со млади музичари кои ќе севират дела од Антонио Вивалди.
На концертот ќе настапи оркестарот на „Полифонија“, а ќе диригира Кристофер Мускат од Малта. Настапуваат солистите Илина Ристова (флејта), Теона Павлова (флејта), Михаела Васковска (флејта), Албина Бојко (флејта), Илија Богоев (виолина), Теодор Трајковски (виолина), Уна Трајковска (виолина), Сиена Ангеловска Витли (виолина), Лук Пол Атард (виолина), Бернард Курми (виолина), Лука Мерчиека (виолина) Бисера Кировска (виолина), Лена Алагозовски (фагот), Јована Јанкуловска (сопран), и сопраните Кристабел Спитери и Мараја Коста.
Влезот на концертот е слободен.