УКРАИНА ГО ИЗБРА ПРЕТСТАВНИКОТ НА ЕВРОВИЗИЈА 2023 ВО ПОДЗЕМНА СКРИВНИЦА

Киев, (Би-Би-Си)

Украина го избра поп дуото „Творчи“ за свој претставник на следната Евровизија, а националниот избор беше пренесуван од подземна скривница во Киев. „Срце од челик“ на „Творчи“ е првата потврдена песна за натпреварувањето што ќе се одржи во Ливерпул во 2023.

Украина победи на годинашната Евровизија, но поради војната, домаќин ќе биде Велика Британија.

Метро станица во Киев привремено беше претворена во ТВ-студио за вчерашното музичко шоу. Киевската подземна железница служи како скривница откако почна руската инвазија на Украина пред речиси десет месеци.

Од првиот настап на Евровизија во 2003, Украина оствари три победи и само шест пати не влезе меѓу најдобрите десет.