„ВАН ГОГ“ ЌЕ ГО ПРОМОВИРА НОВИОТ СИНГЛ НА ТУРБО РОК ФЕСТИВАЛОТ ВО СКОПЈЕ НА 14 ДЕКЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Српската рок група „Ван Гог“ сними нов сингл „Луд и сам“, што ќе го промовира на Турбо рок фестивалот во Скопје на 14 декември во салата „Јане Сандански“. На фестивалот ќе настапат и Неле Карајлиќ и „Ју група“, објави претходно „Авалон“.

„Сега кога новиот албум е завршен, желбата ни е на секои три месеци, чекор по чекор, сингл по сингл, спот по спот, да ја размениме енергијата со публиката. Сите коцки од мозаикот ќе се сложат во 2026 во форма на винил и цеде“, вели фронтменот на бендот Звонимир Ѓукиќ-Ѓуле.

Тој е автор на музиката и текстот на песната.