ВЕРУВАЈТЕ ВО СЕБЕ И ВО ОНА ШТО ГО САКАТЕ, ВЕЛИ КАЛИОПИ СО НОВИОТ СПОТ ЗА „ДАЈ, ДАЈ МИ ДАЈ“

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Калиопи го објави седмиот видеоспот од новиот албум, за песната „Дај, дај ми дај“, во соработка со „Мелем продукција“.

На почетокот на годинава, заедно со својот продуцент Ромео Грил го реализираа својот нов албум насловен „Албум, кој беше промовиран на крајот на мај со четири видеоспотови. На тој начин одбележаа и 40 години од нивната заедничка соработка.

„Среќна сум и благодарна што имав ваква година. И токму затоа сакав на некаков начин да им се заблагодарам на сите оние што придонесоа за оваа среќа, а истовремено да пратам порака до луѓето – никогаш да не престанат да веруваат во себе, во добрите нешта и во нивното споделување. Песната ‘Дај, дај ми дај’ нека биде потсетник за сите нас – секогаш да веруваме во себе и во она што го сакаме“, изјави Калиопи пред подготовките за нејзината регионална турнеја.