ВИКТОРИЈА БЕКАМ ЗАРАБОТИЛА МИЛИОН ДОЛАРИ ИАКО НЕ БЕШЕ НА ТУРНЕЈАТА НА „СПАЈС ГРЛС“

Лондон, (Индипендент)

Викторија Бекам заработила нешто повеќе од еден милион долари од ланската повратничка турнеја на „Спајс грлс“ низ Велика Британија, и покрај тоа што не беше дел од неа.

Модната дизајнерка и поранешна членка на популарниот женски бенд од 1990-ите одлучи да не им се приклучи на колешките на серијата настапи, но и покрај тоа, заработи исто колку нив.

Според британските медиуми, „Спајс грлс лимитед“, компанијата во сопственост на Бекам, Ема Бантон, Џери Хорнер, Мел Би и Мел Си, лани заработила 5,6 милиони долари. Заработката се состои од продадените билети на турнејата и од продажбата на разни аксесоари на нивниот бренд.