ВТОР КОНЦЕРТ НА БОЈАЏИЕВ, ЛУМАНОВСКИ И РОЏЕВСКИ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски закажаа и втор концерт во Филхармонијата, на 17 февруари од 19:30 часот, откако се распродаде првиот на 16 февруари.

Тројцата музичари по девет години пауза повторно ќе настапат заедно во Филхармонијата. На програмата ќе бидат авторски композиции и преработки на македонска изворна музика, во ново издание и со модерни аранжмани.

Крсте Роџевски е пејач, гитарист и композитор, активен на авангардната сцена од преселбата во Њујорк во доцните 1990-ти. Бојаџиев е композитор, продуцент и пијанист кој живееше и работеше во Њујорк, а сега е во Франција. Лумановски е познат македонски кларинетист кој живее во Америка и има добиено многу меѓународни награди.