ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ НА ДИМИТАР ДОДЕВСКИ, МАРТИН ГЕОРГИЕВСКИ И НИНОСЛАВ СПИРОВСКИ НА 29 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 29 јуни од 20 часот, во Социјалниот центар „Дуња“, во Скопје, ќе се одржи концерт на импровизирана музика, во соработка помеѓу тројца музичари: Димитар Додовски, Мартин Георгиевски и Нинослав Спировски. Сите се со различни искуства и контексти, поврзани преку заедничкиот интерес за звучна авангарда, амбиентални структури и слободна интерпретација.

Димитар Додовски е продуцент и визуелен уметник од Битола. Има издадено повеќе соло албуми и соработувал во разни проекти. Со последниот албум ја одбележуа 20-годишнината од неговото музичко творештво.

Мартин Георгиевски е продуцент од Скопје на амбиентална и импровизирана музика, активен од 2009 година под псевдонимот Амплидајн Ефект. Во изминатите години, издаде бројни албуми и настапуваше на регионални и меѓународни фестивали во Словачка  Србија, Италија, Холандија, а настапувал и на Скопскиот џез фестивал.

Нинослав Спировски е македонски џез кларинетист и саксофонист, дел од генерацијата што го поттикна новиот бран на импровизирана музика во земјава. Како еден од најактивните учесници на сцената, застапува личен израз и оригиналност надвор од традиционалните џез шеми.
Најпознат е по работата со „Светлост и Светлост + Одрон Ритуал Оркестра“, а учествува и во бројни други состави.

Влезот е со препорачана донација за музичарите.