Со една бина и со намалена програма, фестивалот на независна музика „Здраво млади“ вечерва ќе го одбележи своето 10. издание, кое ќе се одржи во паркот кај Младински културен центар во Скопје. Програмата почнува во 19 часот.

Здраво млади“ оваа година ќе се состои од настапите на пет изведувачи и изложбата на Сали Ертунч „25-та слика – Неслушнатото, невиденото и незбореното“, а во програмата е најавено и едно изненадување.

Фестивалот го отвора и затвора диџеј Фиц, а организаторите успеаја да го обезбедат доаѓањето на данските легенди на инди-рокот „Ефтеркланг“, откако нивното гостување беше најавено уште во јануари, пред глобалната пандемија. Тие ќе настапат од 20:45 часот, а потоа следуваат „Фанк шуи“, турскиот бенд „Лалалар“ и „Пи-Ем-Џи колектив“.

Фестивалот ќе се одржи согласно владиниот протокол за организација на јавни настани.