„ЗВУЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА“, КОНЦЕРТ СО НАРОДНИ ПЕСНИ НА СТУДЕНТИТЕ ОД ФМУ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 13 јуни од 13:30 часот, на Школка во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи концертот „Звуците на Македонија“, на студентите по Оркестар на народни инструменти и традиционално пеење, од Факултетот за музичка уметност- Скопје.

„Преку богата програма исполнета со македонски народни песни и инструментални изведби, младите уметници ќе го претстават богатството на македонската музичка традиција и културно наследство“, велат од ФМУ.

Настанот е дел од серијата концерти со кои Факултетот за музичка уметност ја одбележува својата јубилејна година,  60 години од постоењето.

Вечерва (11 јуни) од 20 часот, во салата на Филхармонијата ќе се одржи традиционалниот концерт „Звукот на идната генерација“, на кој со оркестарот на Филхармонијата ќе свират солисти од ФМУ. Ќе диригира маестро Сашо Татарчевски.

Настапат студентите Давид Павиќ (пијано), Кристијан Колев (кларинет), Христијана Матеска (хармоника), Бојана Митковска (виолина), Михаил Јагуриноски (пијано) и Итан Георгиев (контрабас). Влезот е слободен.