НАДАЛ ЌЕ ЗАИГРА ВО ЈАНУАРИ ПО ЕДНА ГОДИНА ПАУЗА

Мадрид, (Ројтерс)

Рафаел Надал ќе му се врати на тенисот на турнирот во Бризбејн во јануари, со што ќе заигра за првпат по пауза од една година. Надал нема играно од елиминацијата во второто коло на годинашното Отворено првенство на Австралија и иако првично се мислеше дека ќе отсуствува осум недели, паузата се одолжи откако во јуни го оперираше колкот.

По една година без настапи, време е да се вратам. Тоа ќе биде во Бризбејн во првата недела на јануари. Се гледаме таму“, соопшти Надал преку видеопорака.

Тој претходно најави дека ќе се пензионира на крајот на 2024, со цел уште еднаш да настапи на Ролан Гарос, како и на Олимписките игри во Париз. Тоа ќе биде неговата 23. АТП-сезона.

Надал испадна од топ-100 на АТП-листата за првпат во последните 20 години и моментално се наоѓа на 633. место.

(Фото: АП)