НАЈСТАРАТА ЛИЧНОСТ НА СВЕТОТ НАПОЛНИ 119 ГОДИНИ

Токио, (Гардијан)

Најстарата личност на светот го прослави 119. роденден во Јапонија и кажа дека е посветена да го продолжи рекордот за уште една година. Кане Танака го прослави роденденот вчера со вработените во дом за стари лица во југозападната префектура Фукуока.

Гинисова книга на рекорди ја призна Танака за најстарата личност на светот во март 2019, кога имаше 116 години. Јапонскиот рекорд го собори во септември 2020, кога достигна возраст од 117 години и 261 ден.

Родена во 1903, Танака се омажила на 19 години и живееше во времето на пет јапонски цареви.

Според податоците објавени во септември, во Јапонија имало 86.510 луѓе со 100 и повеќе години, што е пораст од 6.060 во споредба со претходната година. Министерството за здравство кажа дека само 10.000 од нив се мажи.

Просечниот животен век во Јапонија е многу висок: 87,74 години за жени, односно 81,64 години за мажи.