НЕЈМАР И ДЕВОЈКА МУ БРУНА ГО ЧЕКААТ ПРВОТО ДЕТЕ

Париз, (Дејли мејл)

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар и неговата девојка Бруна Бјанкарди го чекаат првото заедничко дете. Нејмар (31) и 28-годишната бразилска инфлуенсерка ја потврдија убавата вест на своите профили на Инстаграм.

Нејмар е веќе татко на 12-годишниот син Дави Лука, кого го доби во врската со Каролина Дантас.

Нејмар и Бруна ја почнале врската во 2021, во август 2022 објавија дека се разделиле, за потоа да ја обноват романсата.

(Фото: Инстаграм)