НЕСУДЕНИОТ ПРВ ЦРН АСТРОНАУТ СТАНА НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК ВО ВСЕЛЕНАТА

Њујорк, (АП)

Ед Двајт, првиот црн кандидат за астронаут, конечно одлета во вселената со задоцнување од 60 години благодарение на компанијата на Џеф Безос.

Двајт бил воен пилот кога претседателот Џон Кенеди се залагал за него да стане кандидат за првите генерации астронаути на НАСА, но не бил избран во класата во 1963 година. Сега 90-годишен, Двајт беше дел од краткиот лет на „Блу ориџин“ во вселената и кажа дека тоа било неверојатно искуство.

„Мислев дека ова не ми треба во животот, но бев во екстаза“, изјави Двајт.

Тој стана најстариот човек кој бил во вселената, соборувајќи го рекордот на актерот Вилијам Шатнер.

Првиот црн астронаут во вселената бил Арналдо Тамајо Мендес, Кубанец со африканско потекло, кој летал со советска ракета во 1980.

(Фото: Блу ориџин)