Николас Кејџ го чека првото дете со 30 години помладата сопруга Рико Шибата, потврди претставник на двојката. Тоа ќе биде трето дете за американскиот актер, кој ги доби синовите Кал-Ел (16) и Вестон (31) во претходните врски.
Кејџ и Шибата, која исто така е актерка, се венчаа на мала и интимна церемонија во Лас Вегас во февруари минатата година. Тие се запознале во Јапонија преку заеднички пријатели додека Кејџ го снимаше филмот „Prisoners of the Ghostland“.