РОНАЛДО ГО ИМА НАЈПОПУЛАРНИОТ ПОСТ НА ИНСТАГРАМ ЗА 2021

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кристијано Роналдо го имаше најпопуларниот пост на Инстаграм во 2021 година. Станува збор за фотографијата со партнерката Хеорхина Родригес од крајот на октомври, кога објавија дека чекаат близнаци. Таа собра над 32 милиони лајкови.

На второто место се најде поп ѕвездата Аријана Гранде со фотографијата од венчавката со Далтон Гомес, која доби 26 милиони лајкови.

Следува Кајли Џенер за снимката со која потврди дека е повторно трудна. Снимката е прегледана 154 милиони пати и доби 24 милиони лајкови.

Били Ајлиш го урна рекордот на Инстаграм кога го покажа својот нов имиџ во март. Фотографијата доби милион лајкови за само шест минути, што во меѓувреме порасна на 23 милиони.

Топ-5 се заокружува со Лео Меси и фотографијата на која позира со дресот на ПСЖ, што им се допадна на 22 милиони луѓе.