ЖЕНА СЕ СВРШИ СО СВОЈОТ ОМИЛЕН ЛУСТЕР И СПИЕ СО НЕГО

Лондон, (Мирор)

На 33-годишна возраст, Англичанката Аманда Либерти започна врска со своите лустери и неодамна се сврши со еден од нив, на кој дури му даде име – Лумиер. Во нејзиниот дом се наоѓаат 25 висечки ламби и има потрошено стотици долари за некои од најомилените.

Аманда вели дека љубов со Лумиер настанала на прв поглед.

„Од моментот кога за првпат го видов Лумиер на И-беј, знаев дека тој е за мене и дека тоа беше љубов на прв поглед. Не можев да престанам да размислувам за него, неговиот прекрасен облик и за прекрасната енергија што ја емитуваше. Кога пристигна дома, тој беше расклопен за да не се оштети и јас брзо ги склопив парчињата и го пречекав во неговиот нов дом“, вели Аманда.

Таа се идентификува како „објект-сексуална“, што значи дека ја привлекуваат предмети. На 14-годишна возраст се вљубила во тапани, а подоцна во Статуата на слободата, oд каде и го зеде презимето Либерти.

„Не можеш да имаш контрола врз тоа во кого ќе се вљубиш. Мојата работа од соништата би била да работам во јавни згради, како палатата Бакингем, гледајќи ги грандиозните лустери што се наоѓаат таму“, вели таа.