ОЛИМПИЕЦОТ ЛАГЕР ОБЈАВУВАЛ ФОТОГРАФИИ НА „ОНЛИФЕНС“ ЗА ДА ЗАРАБОТИ ПЛУС ПАРИ

Париз, (Би-Би-Си)

Освојувачот на олимписки медали во нуркање Џек Лагер собирал пари за да си ја развива спортската кариера преку објавување слики на страницата „Онлифенс“ (OnlyFans), на која има содржина за возрасни, изјави неговиот татко Дејв Лагер.

29-годишникот освои бронзата за Велика Британија во синхронизирано нуркање на отскочна штица на 3 метри за мажи на Олимписките игри во Париз.

„Всушност јас му го предложив тоа, но тоа не е ништо што не можеше да и покажеш на баба ти“, изјави таткото за „Би-Би-Си радио Јорк“.
Лагер, кој се натпреварува на својата четврта Олимпијада, освои злато и сребро во нуркање на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро, како и бронза на Олимпијадата во Токио во 2021.

„Тажно е што мојот син мора да се обиде да заработи дополнителни пари за да врзе крај со крај, кога навистина треба да ги добие потребните средства. Тој заработува дополнителни пари за него и тој е задоволен што има можност“, рече таткото.

Самиот Џек Лагер претходно изјави за весникот „Сан“ дека е среќен што може дополнително да  „заработи“, додавајќи дека иако е свесен за „негативните“ перцепции на страницата, „се чувствува пријатно со својата одлука“.

Фото: ПА