ПЕТМИНА ПРИНЦОВИ КОИ СЕ СИНГЛ

Лондон, (Харперс базар)

Сега откако британскиот принц Хари веќе не е слободен, не очајувајте. Ова се петмина принцови кои сѐ уште не се женети, ниту имаат сериозна врска.

Престолонаследникот на Јордан, принцот Хусеин бин Абдула

Дваесет и тригодишнот син на кралот Абдула и на кралицата Ранија не е само член на кралското семејство – тој, исто така, е ѕвезда на Инстаграм со 1,1 милион следбеници.

Шеикот Хамдан бин Мохамед бин Рашид Ал Мактум од Дубаи

Престолонаследникот на Дубаи, познат како Фаца, има 5,9 милиони следбеници, кои го следат секој негов потег на социјалните медиуми. Триесет и петгодишниот шеик е наградуван коњаник, а успешен е и во соколарство, нуркање во подводни пештери, велосипедизам и во поезија.

Принцот Себастијан од Луксембург

Дваесет и петгодишниот Себастијан е офицер на армијата на Луксембург и како најмладиот од петте браќа и сестри, најверојатно, никогаш нема да биде крал. Но, затоа има многу време за неговите хобија, како качување по карпи, скијање, пливање и рагби.

Принцот Жан Кристоф Наполеон Бонапарта

Да, буквално Наполеон Бонапарта. Или барем негов потомок: 31-годишниот принц е внук на славниот француски император. Француската монархија е укината во доцниот 18. век, но францускиот народ го признава Жан како член на она што се нарекува Царска куќа врз основа на неговата лоза.

Принцот Јоаким од Белгија

Овој принц, најверојатно, нема да седи на тронот во неговата земја. Неговата братучетка, принцезата Елизабет, е најстарата ќерка на белгискиот крал Филип и е прва во линијата за наследување. Место тоа, тој го зазеде своето место во белгиската морнарица.