„ПЛЕЈБОЈ“ ПОВТОРНО ИЗНЕНАДИ, ПРВПАТ ОБЈАВИ ФОТОСЕСИЈА СО МОДЕЛ СО „ПЛУС ВЕЛИЧИНА“

Њујорк, (Дејли мејл)

Откако пред еден месец, првпат во својата историја, стави трансродова жена на својата насловна страница, „Плејбој“ уште еднаш излезе од вообичаениот шаблон.

Во своето последно издание, магазинот објави фото-сесија со „плус сајз“ моделот Моли Констејбл, покажувајќи дека сексипилноста не познава граници.

Освен што е прв ваков модел кој се појавил во „Плејбој“, Констејбл притоа немаше ни грам шминка на себе.

„Тежината не е важна. Важно е како се однесуваш кон други луѓе и како се чувствуваш одвнатре. Со моја тежина, мислев дека не е можно да бидам модел, но забележувам дека стандардите на убавина полека се менуваат во модната индустрија“, вели Констејбл.

Именувана од „Вог“ за еден од надежните модели за 2017 година, таа веќе ја делеше модната писта со најпознатиот „плус сајз“ модел Ешли Грем и неодамна ги красеше страниците на списанијата „Харперс базар“ и „Лав“.

Моли, исто така, е популарна на Инстаграм, каде што има над 24.000 следбеници.