Лиса Лоринг, актерката која ја играше Венсдеј Адамс во првата екранизација на стрипот „Семејството Адамс“, почина на 64 години од мозочен удар, потврди нејзината ќерка.
Лоринг ја глумеше Венсдеј од 1964 до 1966, преземајќи ја улогата кога имаше само пет години. Овој лик сега повторно е актуелен благодарение на хит-серијата на „Нетфликс“, „Венсдеј“, во која во насловната улога е Џена Ортега. Таа призна дека нејзиниот препознатлив танц од „Венсдеј“ бил инспириран од аголните движења на Лоринг од оригиналната серија.
Откако се проби како Венсдеј Адамс, Лоринг се појави во уште неколку серии и филмови.