ПОЛ МАКАРТНИ СИ ЈА ДОБИ ГИТАРАТА КОЈА МУ БИЛА УКРАДЕНА ПРЕД 51 ГОДИНА

Лондон, (Би-Би-Си)

Бас-гитара „Хофнер“ што му припаѓала на Пол Макартни, а која била украдена пред 51 година, пред неколку дена му е вратена, а германскиот производител ја потврди автентичноста на тој инструмент.

Потрагата по гитарата лани почна со акцијата „Изгубениот бас“ (Lost Bass), па студентот Руајдри Гест од Англија во вторникот сподели фотографија од инструментот. Гест тврдеше дека гитарата му е наследство, и му ја врати на Макартни.

Според „Гардијан“, гитарата во облик на виолина исчезна во времето кога „Битлс“ се распаднаа, а се појави по потрагата на светско ниво.

Пол Макартни го купил музичкиот инструмент во 1961 година за 30 фунти, што е рамно на околу 800 фунти според денешните цени.

„Ова е гитарата со која започна Битлманија“, изјави за Ројтерс Ник Вас, еден од основачите на тимот за потрагата.

Фото: Би-Би-Си