Во Македонскиот народен театар (МНТ) почнаа пробите за претставата „Лов на дива свиња“, чиј автор е црногорската современа писателка Марија Сарап, а режијата е на македонската режисерка Наташа Поплавска.
Претставата е резултат на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу МНТ и Градското позориште од Подгорица, а се реализира како копродукција заедно со Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје.
Во претставата учествува актерска екипа од двете земји: Ана Стојановска, Искра Ветерова и Мина Јелушиќ-Јериниќ од Македонија и Ѓорѓе Татиќ и Вукан Пејовиќ од Црна Гора.
Премиерата се најавува за 19 јули во склоп на фестивалот Скопско лето, а во Подгорица е планирана за септември.
(Фото: Е. Петро)