ПРИКАЗНИ КАКО НАШАТА СЕ РЕТКИ ВО ФУДБАЛОТ, КАЖА ПЕЛЕ ОТКАКО МЕСИ МУ ГО ИЗРАМНИ РЕКОРДОТ ОД 639 ГОЛОВИ ЗА ЕДЕН КЛУБ

Барселона, (Би-Би-Си)

„Кралот на фудбалот“ Пеле му честиташе на Лео Меси откако тој го израмни неговиот светски рекорд во бројот на постигнати голови за еден клуб.

Аргентинецот стигна до 639 голови во дресот на Барселона кога вчера ја затресе мрежата на Валенсија, со што го израмни постигнувањето на Пеле од Сантос. Меси го даде првиот гол за Барселона во 2005 година, додека на Пеле за ваков учинок му требаа 19 сезони, од 1956 до 1974.

„Како тебе, и јас знам како изгледа да сакаш да носиш ист дрес секој ден. Како тебе, и јас знам дека не постои ништо подобро од место каде што се чувствуваш како дома. Ти честитам за твојот историски рекорд, но уште повеќе, ти честитам за твојата прекрасна кариера во Барселона. Приказните како нашата, за жал, се исклучително ретки во фудбалот“, напиша 80-годишниот Пеле на Твитер.

На Меси му требаа 748 натпревари за да се израмни со Пеле.