ПРИНЦОВИТЕ ВИЛИЈАМ И ХАРИ ОДБРАА АВТОР ЗА СКУЛПТУРА НА ДИЈАНА

Лондон, (АП)

Палатата Кенсингтон објави дека принцовите Вилијам и Хари го одбраа скулпторот Јан Ренк-Бродли да изработи скулптура од нивната мајка, принцезата Дијана, за одбележување на 20-годишнината од нејзината смрт.

Рен-Бродли е автор на сликата на британската кралица Елизабета Втора на монетата од 1998 година. Тој ќе ја заврши скулптурата до 2019 година, а ќе биде поставена во палатата Кенсингтон, кадешто во еден период живееше Дијана.

Во изјавата на принцовите стои дека целта на скулптурата е да создаде „соодветна и трајна почит кон нашата мајка, во знак сеќавање за нејзината работа и живот“.

Принцовите додале оти годинава биле трогнати од сите топли зборови и спомени за нивната мајка низ светот, кога се одбележуваше годишнината од нејзината трагична смрт во Париз во 1997 година.