ПРОМОЦИЈА НА СЛИКОВНИЦАТА „ЉУБОВ ВО ТОПКА“ ОД АНА ЈОВКОВСКА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
В четврток (12 април) од 19 часот, во КСП „Центар Јадро“ во Скопје ќе се одржи промоцијата на интерактивната сликовница „Љубов во топка“ на авторката Ана Јовковска и илустраторката Иванка НиБа. Промотор ќе биде Владимир Мартиновски.
„Љубов во топка“ е интерактивна илустрирана книга за деца која го обработува врсничкото насилство како еден од најголемите проблеми на денешното општество. Книгата е приказна за пријателството и емпатијата што го анализира широкиот спектар на емоции кај децата.
Сликовницата е дел од едицијата „Светулка 2“, која има четири наслови, а се планираат уште пет и се опфатени теми соодветни за деца од раноучилишна возраст.