Тениската легенда Рафаел Надал и неговата сопруга Мери Перељо го чекаат второто дете, објавија шпанските медиуми. Перељо била во петтиот месец од бременоста и се очекува да се породи летово.
Тие се веќе родители на синот Рафа, кој сега има две и пол години. Перељо подоцна откри дека се соочила со големи компликации во првата бременост, поради кои завршила во болница неколку недели пред породувањето.

Љубовната приказна на 38-годишниот Надал и две години помладата Перељо започнала пред речиси две децении. Тие се запознале кога биле тинејџери во нивниот роден град Манакор на Мајорка и оттогаш се заедно, но својот приватен живот го држеа подалеку од јавноста. Се венчаа во 2019, а синот Рафа им се роди на 8 октомври 2022.
(Фото: Шатерсток)