Телевизиската легенда Бети Вајт вчера наполни 97 години и Рајан Рејнолдс направи да се почувствува посебно, откако во свој стил ѝ го честиташе роденденот преку социјалните мрежи.
„Обично не честитам родендени на мои бивши, но Бети е нешто посебно и затоа среќен роденден на една единствена Бети Вајт“, напиша канадскиот актер на Инстаграм.
Рејнолдс и Вајт заедно глумеа во комедијата „Предлог“ од 2010 година.
„Бети се чувствува одлично. Таа ја има најдобрата смисла за хумор“, изјави портпаролот на Вајт, додавајќи дека таа го прославила роденденот играјќи покер со блиски пријатели и со многу торта.
Вајт, чија актерска кариера трае веќе седум децении, се појави на доделувањето на наградите Еми во септември.
„Неверојатно е што сум сѐ уште во овој бизнис и што има луѓе кои ме прифаќаат“, кажа Вајт во таа прилика.