РЕЈЧЕЛ ВАЈС ГО ОЧЕКУВА ПРВОТО ДЕТЕ СО ДАНИЕЛ КРЕГ

Лондон, (Би-Би-Си)

Оскаровката Рејчел Вајс објави дека очекува бебе со нејзиниот сопруг Даниел Крег.

Четирисет и осумгодишната актерка има 11-годишен син, а ѕвездата на „Џејмс Бонд“, Крег (50), има 25-годишна ќерка.

Во интервју за „Њујорк тајмс“, ѕвездата на „Мумија“ рече: „ Наскоро ќе се појавам во јавноста. Даниел и јас сме многу среќни”. Тие се венчаа во Њујорк во 2011 година.

Во интервјуто таа рекла дека не го знаат полот на бебето.
„Ќе имаме мало човече. Едвај чекаме да се сретнеме со него или неа. Тоа е таква мистерија сега“, изјавила Вајс.